Редовен програмски и административен надзор врз ТВ Канал 8, ТВ Кочани ЛД, ТВ Свет и ТВ Здравкин

Скопје, 01.08.2018г. – Агенцијата изврши редовен програмски надзор врз ТВ Канал 8, ТВ Кочани ЛД, ТВ Свет и ТВ Здравкин, за законските одредби кои се однесуваат на обврските за заштита на малолетните лица, правилата за емитување комерцијални комуникации, обврските при обезбедување квизови или други облици на наградно учествување, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласење и емитување игри на среќа.

Надзорот покажа дека на програмата на ТВ Здравкин од Велес, на 4 јули 2018 година, се емитувани повеќе играни програми без да бидат означени со сигнализација за заштита на малолетните лица во текот на нивното емитување, додека кинематографскиот филм „Венера и Вегас“ (Venus & Vegas) беше емитуван во несоодветен период од деноноќието.

Врз истите телевизии извршен е и редовен административен надзор за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни за корисниците и за идентификација на радиодифузер. Непочитување на обврската за објава на импресум е утврдена кај ТВ Канал 8, додека кај ТВ Свет, ТВ Кочани ЛД и ТВ Здравкин, непочитување на обврската за објава на информации коишто треба да се направат достапни за корисниците.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Канал 8 – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Канал 8 – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Кочани ЛД – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Кочани ЛД – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Свет – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Свет – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Здравкин – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 31.07.2018
ТВ Здравкин – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 31.07.2018



Accessibility

Accessibility