1

Мерки опомена за ТВ Свет, ТВ Канал 8 и ТВ Ускана Еден

Скопје, 14.08.2018г. –  По спроведени надзори врз ТВ Канал 8, ТВ Ускана Еден и ТВ Свет и констатирано непочитување на законските обврски, Агенцијата им изрече мерки-опомена.


Надзорот врз ТВ Канал 8 покажа дека на дел од програмите емитувани на 4 јули 2018 година, не се објавени податоците со кои се идентификуваат авторите што учествувале во подготовка на содржините, за носителот на авторските права, уредништво, потекло и продукција на делата, медиумот од каде е преземена содржиата и други податоци кои треба да се емитуваат на соодветно место. Медиумот има рок од 45 дена за законско усогласување на работењето.

На програмата на ТВ Свет емитувана на 5 јули 2018 година, утврдено е дека се емитувани цртани филмови на англиски без да бидат преведени на македонски јазик. ТВ Свет доби рок од 15 дена за законско усогласување на работењето.

Во однос на програмата на ТВ Ускана Еден емитувана на 1 јуни 2018 година, констатирано е емитување на рекламни блокови подолги од 12 минути на еден реален час.  Во рок од 15 дена ТВ Ускана Еден е должна да го усогласи своето работење согласно ЗААВМУ.

Решенијата за изречените мерки се достапни на следните линкови:

ТВ Канал 8 – (член 14 од Законот за медиуми) – 14.08.2018

ТВ Свет – (член 64 став 3 од ЗААВМУ) – 14.08.2018

ТВ Ускана Еден – (член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 14.08.2018