Скопје, 15.08.2018г. – За почитувањето на обврските од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио или телевизиско емитување, извршен е вонреден административен надзор врз ТВ Нова – во стечај, пришто се утврди дека телевизијата не ги исполнува минималните кадровски услови утврдени во овој Правилник.
ТВ Нова – во стечај на 15 август 2018 година, ја извести Агенцијата дека сите затекнати вработени со денот на отварање на стечајна постапка, се одјавени од страна на стечајниот управник и ТВ Нова, во телевизијата нема вработени лица, туку по отворањето на стечајната постапка за потребите на стечајната постапка од страна на стечајниот управник ангажирани се две лица.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот: