Мерка-опомена за ТВ Здравкин – Заштита на малолетна публика

Скопје, 15.08.2018г. –  Поради непочитување на правилата за заштита на малолетните лица на ТВ Здравкин од Велес и е изречена мерка-опомена. Имено, ТВ Здравкин во рамки на својот програмски сервис, емитуваше повеќе играни програми (кинематографски филмови), без да ја аплицира предупредувачката сигнализација за заштита на малолетните лица за време на нивното емитување.

На радиодифузерот му е даден временски рок од 30 дена да го усогласи работењето согласно ЗААВМУ и Правилникот за заштита на малолетните лица на Агенцијата.

Изречената мерка е достапна на линкот:

ТВ Здравкин (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 15.08.2018



Accessibility

Accessibility