Скопје, 17.08.2018г. – На денешната 34-та седница, Советот на Агенцијата го донесе Упатството за медиумско претставување за време на референдумот.
Во Упатството се содржани правилата за комерцијалните радиодифузери и јавниот радиодифузен сервис, во однос на начинот на известување и медиумско претставување во дневно информативните емисии, посебни информативни и други програми, правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење, платената јавна пропаганда, известувањето во деновите на референдумскиот молк.
Упатството за медиумско претставување за време на референдумот е достапно на следниот линк