Скопје, 17.08.2018г. – По извршениот контролен надзор врз радио БИ КИ АЛ од Битола, Агенцијата утврди дека се исполнети минималните кадровски услови за работа, утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.
Радиото БИ КИ АЛ до Агенцијата достави документација од која е видно дека во радиостаницата се вработени вкупно три лица, од кои две со висока стручна спрема, ангажирани како новинари.
Извештајот од надзорот е достапен на линкот: