Анализа на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2017 година

Скопје, 31.08.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изработи aнализа на структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија, во 2017 година. Во оваа анализа се претставени податоците за вкупниот број и структурата на вработените во аудио и аудиовизуелната медиумска индустрија во 2017 година, кои се обезбедени од самите радиодифузери.

Структурата на вработените е анализирана од аспект на работните места на кои тие биле ангажирани (новинари, уредници, управители, технички кадар, реализаторски кадар, маркетинг и преостанат кадар), статусот (редовен работен однос или хонорарен ангажман), полот, образованието, како и етничката припадност на вработените во индустријата.

Анализата може да се преземе на следниот линк



Accessibility

Accessibility