Констатирано прекршување на правилата за објава на анкети кај 1 ТВ

Скопје, 27.09.2018г. – Со надзорот над медиумското претставување за време на референдумот врз програмскиот сервис на 1 ТВ, емитуван на 25 септември 2018 година, Агенцијата констатираше прекршување на правилата за објавување резултати од испитувања на јавното мислење.[…]

Усвоена Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување за време на изборни процеси

Скопје, 26.09.2018г. – На денешната 39-та седница за 2018 година, Советот на Агенцијата ја донесе Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси[…]

Агенцијата го одржа третиот јавен состанок за 2018 година

Скопје, 26.09.2018г. – Денес, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го одржа третиот јавен состанок за 2018 година. Директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски во воведното обраќање ги презентираше спроведените активностите за третиот квартал, согласно Годишната програма за работа на Агенцијата […]

Објавен Првиот извештај од монторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018

Скопје, 25.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска го објави Првиот извештај од мониторингот на медиумското претставување на Референдумот 2018, којшто се однесува на периодот од 10 до 18 септември 2018 година. Во него се прикажани наодите за начинот на кој медиумите известуваа за референдумските теми во дневно-информативните емисии, во информативните програми, во интервјуата и дебатите. […]

ДВЕ ПРЕКРШОЧНИ ПОСТАПКИ ЗА РЕФЕРЕНДУМСКО РЕКЛАМИРАЊЕ

Скопје, 24.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше дека по јавното укажување од 14 септември, два радиодифузери од оние кои се предмет на надзор за начинот на покривање на референдумот не го усогласија емитувањето на платената јавна пропаганда со Упатството за медиумско претставување за време на референдум.[…]

АНКЕТИ ЗАКЛУЧНО СО 24-ти, А РЕФЕРЕНДУМСКИ МОЛК ОД 28-ми СЕПТЕМВРИ

Скопје, 21.09.2018 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека резултати од испитувања на јавното мислење во врска со референдумот може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот одреден за гласањето. Оттаму, резултати од анкети на јавното мислење може да се објавуваат заклучно со 24-ти септември 2018 година (понеделник)[…]

Редовен и контролен административен надзор врз 7 радиодифузери

Скопје, 18.09.2018г. –  За почитувањето на обврските за објава на импресум, информации достапни до корисниците и идентификација на радиодифузер врз Радио Антена 5, Канал 77 и Радио Метрополис, извршен е редовен административен надзор[…]

Одржан работен состанок за два нацрт-документи на Агенцијата

Скопје, 17.09.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа работен состанок, на кој ги презентираше Нацрт-Методологијата за мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за време на изборни процеси […]

Прекршување на правилата за референдумско рекламирање

Скопје, 14.09.2018 година – Со мониторингот на медиумското претставување за време на референдумот, кај повеќе радиодифузери, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги констатираше неколку прекршувања на правилата за емитување платена јавна пропаганда[…]

Вонреден надзор врз 1 ТВ – начела за вршење на дејност

Скопје, 13.09.2018г. – По добиена претставка, Агенцијата изврши вонреден надзор на изданијата на програмските блокови „Мода“, кои се делови од актуелно-информативниот појас „Студио 1“ на 1 ТВ, емитувани на 30 мај, 20 јули и 1 август 2018 година[…]



Accessibility

Accessibility