Скопје, 05.09.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши контролен програмски надзор врз операторот КАБЕЛ-НЕТ од Струмица. Целта на надзорот е да се утврди дали овој оператор постапил по решението за опоменување и за исклучување на реемитувањето на програмските сервиси упатено од Агенцијата, изречено поради непочитување на обврската за регистрација на програмските сервиси во Агенцијата.
Надзорот покажа дека операторот КАБЕЛ-НЕТ во целост постапил по решението упатено од Агенцијата.
Извештајот е достапен на линкот:
КАБЕЛ-НЕТ – (член 64 став 2 и член 141 од ЗААВМУ) – 05.09.2018