Регулаторните тела на Република Македонија и Босна и Херцеговина потпишаа Протокол за соработка

image_pdfimage_print

Сараево, 26.10.2018г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторната агенција за комуникации на Босна и Херцеговина, вчера и денес во Сараево одржаа билатерална средба на која потпишаа Протокол за соработка во областа на медиумската регулацијата.

 

Во рамки на дводневната билатералната средба, претставниците на двете Агенции покрај разговорите за поставеноста и функционирањето на регулаторите и надлежностите на Советите на Агенциите, разменија искуства за дистрибуцијата на странски програми преку електронска комуникациска мрежа, застапеноста и третирањето на маргинализираните групи во медиумите, како и за достапноста на програмите на радиодифузерите за лицата со инвалидитет.

Од двете страни беше констатирано дека ваквите средби се особено значајни за унапредување и продлабочување на соработката меѓу двете регулаторни тела, посебно за заеднички прашања од интерес.



Accessibility

Accessibility