Средба помеѓу регулаторните тела на Република Бугарија и Република Македонијa

Скопје, 26.10.2018г. – Денеска во просториите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски имаше билатерална средба со претставници на регулаторното тело за електронски медиуми на Република Бугарија (СЕМ).

На средбата се разговараше за повеќе прашања и практични искуства на двата регулатора од  нивното секојдневно работење  со посебен акцент на развојот на медиумската писменост.

Воедно беше констатирано дека постои исклучително добра соработка меѓу двете земји во областа на медиумската регулација, но и дека има простор за нејзино натамошно унапредување.



Accessibility

Accessibility