Мерки-опомена за Нова Македонија, Лајм и Скопско Ехо

Скопје, 29.10.2018г. –  При редовен административен надзор врз сите издавачи на печатени медиуми, Агенцијата кај РЕПРО ПРИНТ ДООЕЛ Скопје издавач на дневниот весник Нова Македонија, утврди дека во изданието од 22-23 октомври 2018 година не е наведен точниот број на печатени примероци, додека кај АТВ МЕДИА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје издвач на дневниот весник Лајм, дека во изданието од 22 октомври 2018 година не се објавени податоци за одговорен уредник. Надзорот пак врз МАРКС СТЕП ДООЕЛ Скопје издавач на неделниот весник Скопско Ехо, покажа дека во изданието од 18 октомври 2018 година не се објавени податоците за адресата на печатницата.

За овие прекршувања, на трите издавачи на печатени медиуми им е изречена мерки-опомена и им е даден временски рок од 30 дена, за усогласување со одредбите од Законот за медиуми.

Решенијата за преземање мерка-опомена се достапни на линковите:

РЕПРО ПРИНТ ДООЕЛ Скопје издавач на дневниот весник Нова Македонија – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 29.10.2018

АТВ МЕДИА КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје издвач на дневниот весник Лајм  – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 29.10.2018

МАРКС СТЕП ДООЕЛ Скопје издавач на неделниот весник Скопско Ехо – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 29.10.2018



Accessibility

Accessibility