Скопје, 09.11.2018г. – Во рамки на практичната настава по предметот односи со јавност, студенти од катедрата за новинарство и односи со јавноста при Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, денес ја посетија Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
На средбата, студентите имаа можност подетално да се запознаат со надлежностите, организациската структура, проектите на Агенцијата од поширок јавен интерес и начинот на мониторинг на радиодифузерите. Главен фокус на посетата беше споделување на искуства за практикувањето на пишаните и говорни техники за односи со јавност од страна на Агенцијата, како и за комуникацијата со јавноста преку објавување содржини на веб страницата www.avmu.mk, YouTube каналот и Facebook страната на Агенцијата.
Агенцијата ја поздравува заинтересираноста на студентите за стекнување нови знаења, кои ќе најдат примена во нивниот иден професионален развој, и понатаму останува отворена за соработка и споделување на искуства во областа на медиумите и медиумската регулација.