Извршен административен надзор врз четири национални телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 27.11.2018 – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз 1 ТВ, ТВ Клан Македонија, ТВ Компани 21-М и ТВ Шења, за обврските за објава на импресум, идентификација на радиодифузер и за информации кои треба да се достапни до корисниците.

 Надзорот покажа дека на програмата на ТВ Шења не се објавени податоци за импресум, на програмата на ТВ Компани 21-М информациите коишто треба да се направат достапни до корисниците, додека на програмата на 1 ТВ и ТВ Клан Македонија не се објавени ниту податоци за импресум, ниту информациите коишто треба да се направат достапни до корисниците.

Извештаите може да се преземат на следните линкови:

1 ТВ – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.11.2018

1 ТВ – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.11.2018

ТВ Клан Македонија – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.11.2018

ТВ Клан Македонија – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.11.2018

ТВ Компани 21-М – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 26.11.2018

ТВ Шења – (член 14 од Законот за медиуми) – 26.11.2018



Accessibility

Accessibility