Билатерална средба АВМУ – РЕМ во Белград

image_pdfimage_print

Белград, 07.12.2018 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Регулаторното тело за електронски медиуми на Република Србија (РЕМ) денеска во Белград, договорија продлабочување на меѓусебната соработка и зголемена размена на добри практики во областа на медиумската регулација.

Претставниците на двете Агенции разговараа за искуствата поврзани со доделување, престанок на важноста, одземањето и продолжувањето на дозволите за телевизиско и радио емитување, постапката за изрекување мерки при повреда на регулативата, како и за нивните надлежностите за време на избори. Посебен акцент беше ставен на активностите на регулаторите за обезбедување пристап до медиумите на лицата со сетилна попреченост.

На крајот на средбата беше констатирано дека билатералните односи се од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.



Accessibility

Accessibility