Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2018 година

Скопје, 04.01.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отвореност ја известува јавноста за трошоците на директорот на Агенцијата, д-р Зоран Трајчевски за периодот од 1 јули до 31 декември 2018 година.

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во втората половина на минатата година има направено трошоци во вкупен износ од 294.742,00 денари и тоа по следните ставки:

1. При патувања во странство – 192.430,00 денари од кои:

• за авионски билети – 102.857,00 денари и
• за хотелско сместување – 89.573,00 денари.

2. Трошоци за репрезентација во Република Македонија – 83.040,00 денари од кои:

• угостителски услуги со претставници на регионални регулаторни тела за медиуми – 40.100,00 денари и
• угостителски услуги со дипломатски и претставници на државни институции – 42.940,00 денари.

3. За службен мобилен телефон – 19.272,00 денари.

Истовремено, потсетуваме дека Агенцијата отчет за своето работење, во вид на годишни извештаи доставува до Собранието на Република Македонија. Истите се објавуваат на веб страницата на Агенцијата.



Accessibility

Accessibility