Известување за јавно отворање на пријави за учество на јавен конкурс

Скопје, 27.02.2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, донесе Одлука Уп1 бр.08-527 од 23.11.2018 година со измена од 25.01.2019 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.216/18 и бр.18/19), за објавување на јавен конкурс за доделување дозвола за радио емитување на програмски сервис, говорно – музичко радио од специјализиран формат кај кое доминантниот вид на програма има забавна функција, на албански и на македонски јазик, на државно ниво, кој ќе се емитува преку мрежа на радиофреквенции определени од страна на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија.

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 25.02.2019 година. Пријавите кои ќе бидат поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на пријавите.

Јавното отворање на доставените пријави за учество на наведениот јавен конкурс, ќе се одржи на ден 05.03.2019 година, вторник во 13:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје.

 



Accessibility

Accessibility