Усвоена Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година

Скопје, 14 март 2019 година – Советот на Агенцијата на денешната седница ја усвои Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година.

Агенцијата ја изработи оваа Стратегија за да ги одреди насоките на своето дејствување во периодот од 2019 до 2023 година, во правец на подобрување на голем број од аспектите во областа на медиумите во овој период.

Со реализација на активностите утврдени во Стратегијата, меѓу останатото се очекува да се постигне подобрување на функционирањето на системите на саморегулација и корегулација, плурализам на медиумската сопственост и нејзина целосна транспарентност, заштита на човековите права и слободи во медиумските содржини, обезбедување регулаторна рамка која овозможува развој на медиумите и на медиумската писменост.



Accessibility

Accessibility