1

ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

Скопје, 3 април 2019 година – Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за Претседателски избори 2019 кои се емитуваат на телевизиските сервиси, регистрирано е учество на малолетници.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека согласно членот 76 од Изборниот законик, не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.