Неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите

Скопје, 18.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува нападот врз новинарот и снимателот на ТВ21 во селото Арачиново пред и во зградата на општината.

Медиумите работат во интерес на граѓаните и се важен столб на демократијата, поради што секое мешање во нивната работа претставува загрозување и кршење на слободата на изразување и информирање.

Медиумските работници мора да бидат ослободени од сите видови притисоци и закани за да можат непречено да ја извршуваат својата работа – информирање на јавноста.  Зачувувањето на достоинството на новинарската професија и безбедноста на медиумските работници се особено важни и од тие причини апсолутно неприфатливи се нападите на претставниците на медиумите.



Accessibility

Accessibility