Доставен извештај до ДИК за емитувано платено политичко рекламирање на радиодифузерите

Скопје, 10 април 2019г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно обврските од член 76-д став 4 од Изборниот законик, денес до Државната изборна комисија го достави Извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање од страна на радиодифузерите, за периодот од 1 до 7 април 2019 година. […]

Владата не ги почитува препораките на Брисел за независноста на регулаторот за медиуми

Скопје, 10.04.2019 – Агенцијата е непријатно изненадена од вчерашната одлука на Владата, да даде негативно мислење за Регулаторната стратегија за развој на аудио и аудиовизуелната дејност за периодот од 2019 до 2023 година и да побара нејзино ревидирање поради тоа што не е усогласена со „другите стратешки документи за развој на оваа област“.[…]

Објавен Вториот извештај од медиумското известување за Претседателските избори 2019

Скопје, 09.04.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го изготви Вториот извештај од мониторингот на медиумското известување за Претседателските избори 2019 година, којшто се однесува на периодот од 7 до 31 март 2019 година. Во извештајот е анализирана 24-часовната програма на МРТ1, МРТ2, МР1 и Програмата на албански јазик на Каналот на етничките заедници на Македонско радио и на 11 телевизии на државно ниво.[…]

Извештај од надзор над изборното медиумско претставување на ТВ Ускана Еден

Скопје, 08.04.2019г. – При надзорот над изборното медиумско претставување на програмата на ТВ Ускана Еден, емитувана од 1 до 6 април 2019 година, констатирано е прекршување на правилото за eмитување платено политичко рекламирање.[…]

ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ЕМИТУВАНОТО ППР ДА СЕ ДОСТАВАТ НА 8 АПРИЛ

Скопје, 05.04.2019 – На радијата и телевизиите кои врз основа на склучени договори со учесниците во изборните процеси ќе емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) на претседателските кандидати и на кандидатите за градоначалници во општините Дебар, Ново Село и Охрид, трошоците, согласно Изборниот законик, ќе им ги исплати Државната изборна комисија (ДИК) врз основа на доставени фактури.[…]

ДА НЕ СЕ КОРИСТАТ МАЛОЛЕТНИЦИ ВО ПЛАТЕНО ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ

Скопје, 3 април 2019 година – Во првите денови од изборната кампања, во дел од спотовите на кандидатите за Претседателски избори 2019 кои се емитуваат на телевизиските сервиси, регистрирано е учество на малолетници.[…]



Accessibility

Accessibility