ИЗВЕШТАИТЕ ЗА ЕМИТУВАНОТО ППР ОД 8 АПРИЛ ДО 3 МАЈ ДА СЕ ДОСТАВАТ ДО 7 МАЈ

image_pdfimage_print

Скопје, 02.05.2019 – Според Изборниот законик, пред исплата на трошоците за емитуваното ППР од страна на ДИК, Агенцијата е должна на 7-от ден по завршување на кампањата од вториот круг на изборите, до ДИК да достави извештај за вкупното времетраење на платеното политичко рекламирање што било емитувано кај секој радиодифузер од 8 април до 3 мај 2019 година.


Оттаму, во согласност со Упатството што Советот на Агенцијата го усвои на 29 март 2019 година, радиодифузерите имаат обврска да достават податоци во Агенцијата за емитуваното платено политичко рекламирање за периодот од 8 април до 3 мај 2019 година. Извештаите не треба да се праќаат по пошта туку скенирана верзија од Извештајот радиодифузерите треба да испратат до Агенцијата на електронската адреса contact@avmu.mk, најдоцна до 7 мај (вторник).

Образец-Извештај за емитувано платено политичко рекламирање во периодот од 8 април до 3 мај 2019 година 

 

 



Accessibility

Accessibility