Делегација ко-известители на ПС на СЕ во работна посета на АВМУ

image_pdfimage_print

Скопје, 31.05.2019 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски вчера имаше работен состанок со ко-известителите на Мониторинг комисијата на Парламентарното Собрание на Советот на Европа, норвешката пратеничка Лисе Кристоферсен од Групата на Социјалисти, Демократи и Зелени, молдавската пратеничка Валериу Гилечи од Групата на Европската народна партија и секретарот на Мониторинг комисијата на ПС на СЕ Силви Афхолдер.

На средбата се разговараше за случувањата во земјата по последната посета на ко-известителите во јуни 2018 година, односно за состојбата во медиумската сфера, слободата и независноста на медиумите. Посебен акцент беше ставен на медиумските реформи, измените на Законот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и како тие се одразуваат врз самостојноста и независноста на регулаторот, јавниот радиодифузен сервис и медиумите воопшто.



Accessibility

Accessibility