Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2019 година

Скопје, 03.07.2019 – Согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса за објавување на трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски на секои шест месеци, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, ја известува јавноста за следново:

Во периодот од јануари до 30 јуни 2019 година, директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, има направено трошоци во вкупен износ од 273.231,00 денари и тоа по следните ставки:

1. При патувања во странство – 195.153,00 денари од кои:

• за авионски билети – 90.272,00 денари и
• за хотелско сместување – 104.881,00 денари.

2. Трошоци за репрезентација во Република Македонија (угостителски услуги) – 59.809,00 денари.

3. За службен мобилен телефон – 18.269,00 денари.



Accessibility

Accessibility