Скопје, 11.07.2019 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги демантира тврдењата на Центарот за граѓански комуникации изнесени на 9 јули 2019 година за време на презентирањето на третиот извештај во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“, дека во однос на јавните набавки, Агенцијата „има висок процент на најнепопуларното поништување односно за неприфатлива понуда“, како и дека по тој основ биле поништени 40 проценти од јавните набавки.
Во 2018 година, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги има реализирано 30 јавни набавки. Поради неприфатлива понуда беа поништени само 2 (две) јавни набавки. Оттука, целосно е неточно дека е висок процентот на поништување, бидејќи повторуваме станува збор само за 2 (две) јавни набавки.
Вака претставените информации ја доведуваат во заблуда јавноста и создаваат погрешна слика за институцијата која работи согласно важечките законски прописи и редовно ја известува јавноста за своите активности во насока на обезбедување што поголема транспарентност.