МВР ДОСТАВИ ОДГОВОР ДО АВМУ

Скопје, 22.07.2019г. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја известува јавноста дека Министерството за внатрешни работи достави одговор во врска со барањето за информација дали лицето Бојан Јовановски било обезбедувано од ова министерство како сопственик на 1 ТВ.

Во одговорот е наведено дека МВР нема преземено никакви мерки и активности за обезбедување на наведеното лице, врз основа на што и воопшто не се ангажирани полициски службеници за негово лично обезбедување.

Агенцијата продолжува со постапката за утврдување на фактичката состојба за можното тајно содружништво во 1 ТВ, поради што се обрати и до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Информации ќе бидат побарани и од други институции.

Во насока на заштита на јавниот интерес и за расветлување на случајот од регулаторен аспект, очекуваме соработката со релевантните институции да биде на високо ниво.



Accessibility

Accessibility