Родот во програмите за деца во фокусот на јавниот состанок на АВМУ

Скопје, 30 јуни 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа јавен состанок, кој поради актуелната состојба со корона вирусот Ковид-19, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на многубројните реализирани активности согласно Годишната програма за работа во изминатите шест месеци.[…]

Родот во програмите за деца во фокусот на јавниот состанок на АВМУ

Скопје, 30 јуни 2020 година – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржа јавен состанок, кој поради актуелната состојба со корона вирусот Ковид-19, се реализираше преку видео конференциска врска. На состанокот, директорот на Агенцијата д-р Зоран Трајчевски, направи пресек на многубројните реализирани активности согласно Годишната програма за работа во изминатите шест месеци.

Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со мониторингот на изборниот процес за Предвремените парламентарни избори, спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи, издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените анализи и студии, активностите на полето на меѓународната соработка. […]

ПРЕКРШОЧНИ ЗА РАДИОДИФУЗЕРИТЕ КОИ ЌЕ ПРОДОЛЖАТ ДА ЕМИТУВААТ ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ

Скопје, 30.06.2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги со мониторингот на изборното медиумско претставување од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година повторно констатираше дека одредени телевизии емитуваат платено политичко рекламирање (ППР) во кое има малолетници, што е спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик.[…]

ЗАБРАНЕТО E ЕМИТУВАЊЕТО ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ

Скопје, 25.06.2020 – Со мониторингот на изборното медиумско претставување на првиот ден од кампањата за Предвремените парламентарни избори 2020 година, Агенцијата констатираше дека повеќе телевизии, спротивно на член 76 став 3 од Изборниот законик, емитуваа платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.[…]



Accessibility

Accessibility