ЕМИТУВАЊЕТО ППР СО МАЛОЛЕТНИЦИ Е ЗАБРАНЕТО

Скопје, 7 Октомври 2021 –  Агенцијата со мониторингот на изборното медиумско претставување за Локалните избори 2021 година констатираше дека повеќе телевизии емитуваат платено политичко рекламирање во кое учествуваат малолетници.

Согласно Изборниот законик учесникот во изборната кампања е одговорен за содржината на огласите, соопштенијата, рекламите и другиот снимен материјал чиј нарачател се, но одговорност имаат и радиодифузерите имајќи го предвид член 76 став 3 од Изборниот законик во кој изричито е пропишано дека не е дозволено учество на малолетници во платено политичко рекламирање.



Accessibility

Accessibility