Осуда за вербалните навреди упатени кон новинарка на ТВ 21

image_pdfimage_print

Скопје, 19 октомври 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги осудува јавно искажаните навреди на независниот кандидат за градоначалник за општина Кичево, Фатмир Лимани упатени кон новинарка на ТВ 21, при нејзиното известување за локалните избори.

Исклучително е важно да им се овозможи на новинарите непречено и безбедно да ги извршуваат своите професионални задачи за навремено и точно информирање на јавноста. Наместо омаловажувања и навреди треба да се покаже почит кон новинарската професија и достоинството на медиумските работници.

 



Accessibility

Accessibility