ОСУДА НА НАПАДИТЕ УПАТЕНИ КОН НОВИНАРИ НА ТВ КЛАН

Скопје 22 октомври 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува обидот на кандидатот за градоначалник на партијата Алијанса за Албанците во Тетово, Вулнет Мурсели за дискредитирање на новинарка на националната телевизија Клан, како и недоличниот однос на министерот за надворешни работи Бујар Османи кон новинар од истата телевизија.

Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да бидат свесни за одговорноста што ја имаат за јавно искажаниот збор и за своето однесување кон медиумските работници чија основна улога е информирање на јавноста. Секој обид за дискредитација и нарушување на угледот на новинарите се коси со принципите на правната држава и ја поткопуваат слободата на информирање.

Слободата на медиумите и почитувањето на новинарската професија се клучни за остварувањето на улогата на медиумите за информирање на јавноста и развојот на демократијата.



Accessibility

Accessibility