Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги 30-та седница ја одржа на 25.10.2021 година (понеделник) со почеток во 13:00 часот.
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на Предлог-записник од 29-та седница на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, одржана на 08.10.2021 година.
- Разгледување на кварталните извештаи за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за периодот од 01 јули до 30 септември 2021 година.
- Предлог-правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на користење, управување и одржување на службените моторни возила на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Пренос на податоци од далечинските локации.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Печатарски услуги.
- Предлог за давање одобрување за спроведување на постапка за јавна набавка за следниот предмет на јавна набавка – услуга: Систематски прегледи.
- Предлог за одобрување на финансиски средства за обновување на 2 (два) кориснички пристапи до електронската база на прописи на „Службен весник на Република Северна Македонија“, со Предлог – Одлука.
- Разно.