Онлајн настан „Родово заснованото насилство во медиумите: состојба, насоки, мониторинг“

На 11 ноември 2021 година се одржа онлајн настанот „Родово заснованото насилство во медиумите: состојба, насоки, мониторинг“, којшто беше заеднички реализиран од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), Коалиција Маргини и ХОПС – опции за здрав живот, а со поддршка на Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје (во рамки на ЈУФРЕКС 2 проектот).

Со оглед на фактот дека во текот на 2021 година, од различни чинители беа изработени и објавени повеќе документи кои се однесуваа на родово заснованото насилство (РЗН) и известувањето на медиумите, Агенцијата иницираше посебен онлајн настан којшто беше замислен и реализиран како можност сите заинтересиран чинители – медиумски работиници, вработени во АВМУ, претставници на Советот за етика во медиумите (СЕММ), на државни институции, како и на низа граѓански организации да се запознаат со прашањето на известувањето за родово заснованото насилство од повеќе аспекти. Повеќе информации на линкот.



Accessibility

Accessibility