Скопје, 20 ноември 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги смета дека е крајно несоодветно однесувањето на обезбедувањето на Градскиот трговски центар и обидот да се отстранат новинарите за време на нивното известување за средбата со сопствениците на дуќаните во ГТЦ, кои бараат истрага за случајот со криптовалутите.
Истражувачкото новинарство е суштина на новинарската професија и тоа е клучно за остварувањето на улогата на медиумите во современите демократии.
Најважната задача на новинарите е да информираат за актуелните случувања, поради што треба да им се овозможи непречено да известуваат за теми кои се предмет на интерес на јавноста.