СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 23 ноември 2021 – Во врска со тешката автобуска несреќа што се случи во Република Бугарија, во која животот го изгубија голем број македонски граѓани, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги повикува медиумите при известувањето да ги почитуваат професионалните новинарски стандарди и принципи, односно информирањето да биде ослободено од сензационализам и новинарите да ја почитуваат личната болка и жалост. Воедно, информациите треба да бидат точни и проверени, а доколку не можат да се потврдат или станува збор за претпоставка тоа треба да се каже или објави.

Имајќи ги предвид размерите на трагедијата, Агенцијата апелира радиодифузерите да ја прилагодат својата програма и да емитуваат содржини соодветни за вакви настани, односно да не емитуваат забавна програма. Истовремено, доколку се во можност треба да го прекинат и емитувањето реклами.



Accessibility

Accessibility