Трошоци на директорот на Агенцијата за втората половина на 2021 година

Скопје, 6 јануари 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во периодот од 01.07.2021 – 31.12.2021 година има направено трошоци во вкупен износ 195.688,00 денари и тоа по следните ставки:

  1. Трошоци за репрезентација (угостителски услуги со претставници на амбасади, членови на Советот на Агенцијата и деловни партнери) – 166.852,00 денари.
  2. За службен мобилен телефон – 17.100,00 денари.
  3. Трошоци при патувања во странство (хотелско сместување) – 11.736,00 денари.


Accessibility

Accessibility