Публикација „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“

Скопје, 20.01.2022 – Во рамки на регионалниот проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“, имплементиран како дел од заедничната програма на Европската Унија и Советот на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“, изработена е публикацијата „Регулаторните тела за медиуми и медиумскиот плурализам“.

Целта на Публикацијата во чија изработка учествуваше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и регулаторните тела за медиуми од Западен Балкан е да придонесе за пошироко разбирање на концептот на медиумскиот плурализам, неговата институционална и стратешка важност, и суштинската улога на регулаторните тела за медиуми во оваа област.

Публикацијата ја нагласува потребата да се вклучат различни засегнати страни за да се негува богата медиумска средина, како офлајн така и онлајн, за да се обезбедат различни мислења и гласови, при тоа осврнувајќи се на мерките за избегнување концентрација на медиумите, што може да го попречи медиумскиот плурализам, и оттука да доведе до ослабување на правото на слобода на изразување.

Публикацијата е достапна на македонски и англиски јазик.

 

 



Accessibility

Accessibility