СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 16 февруари 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува вербалниот и физички напад на новинарската екипа на регионалната телевизија Полог од Тетово за време на снимањето инсерти за репортажа од основното училиште „Наим Фрашери” во село Ѓурѓевиште, општина Врапчиште, Гостиварско.

Безбедноста на медиумските работници во ниту еден момент не смее да биде загрозена и треба да се вложат максимални напори за да се креираат услови за професионално извршување на работата на медиумите.

Навремената и соодветна реакција на надлежните институции е клучна во разрешувањето на случајот и за превенција на вакви и слични појави во иднина.



Accessibility

Accessibility