Одбележување на Светскиот ден на слободата на медиуми

Скопје, 3 мај 2022  –  „Новинарство под дигитална опсада“ е мотото под кое се одбележува годинешниот Светски ден на слобода на медиумите со што се нагласува влијанието на дигиталната ера врз слободата на изразување, безбедноста на новинарите, пристапот до информации и приватноста.

Денешниот ден е можност да се реафирмираат основните принципи на медиумската слобода, да се процени степенот на нејзиното почитување и да им се оддаде почит на новинарите кои ги загубија своите животи извршувајќи ги своите професионални обврски.

Демократските општества не можат да функционираат без слобода на изразување, независни и критички медиуми поради што сите без исклучок треба да вложат максимални напори за обезбедување безбедна средина за работа на новинарите и пристап до информации.

Според последниот извештај на Репортери без граници, пред нас се уште стојат бројни предизвици. Агенцијата, како и досега, ќе продолжи да делува проактивно на зголемување на свеста за улогата на медиумите и неопходноста да им се овозможи непречено работење.



Accessibility

Accessibility