Трошоци на директорот на Агенцијата за првата половина на 2022 година

Скопје, 1 јули 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги согласно заложбите за транспарентност и отчетност и следејќи ја воспоставената пракса на секои шест месеци да ги објавува трошоците на директорот д-р Зоран Трајчевски, ја известува јавноста за следново:

Директорот Трајчевски, при вршење на својата функција, во периодот од 01.01.2022 – 30.06.2022 година има направено трошоци во вкупен износ 157.475,00 денари и тоа по следните ставки:

  1. Трошоци за репрезентација (угостителски услуги со претставници на амбасади, членови на Советот на Агенцијата и деловни партнери) – 84.847,00 денари
  2. Службен мобилен телефон– 15.130,00 денари
  3. Трошоци при патувања во странство– 57.498,00 денари

 



Accessibility

Accessibility