СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 12 август 2022 – Во врска со постапувањето на полициските службеници од полициска станица Неготино кон новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради објавен текст, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги посочува дека ваквите дејствија претставуваат притисок врз медиумите и негативно се одразуваат врз слободата на јавното информирање.

Во ниту еден момент не треба да се заборави дека улогата на медиумите е да информираат поради што тие треба да се поттикнуваат темелно и професионално да ги извршуваат своите обврски, а не да се заплашуваат.

Воедно потсетуваме дека секој којшто смета дека одреден медиум му наштетил со објавување нецелосни, непроверени или неточни информации, има право да побара од медиумот објавување на демант, одговор и исправка, или да поднесе претставка до саморегулаторните тела за медиуми.



Accessibility

Accessibility