Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите во работна посета на АВМУ

 Скопје, 14 септември 2022 – Претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Тереза Рибеиро, во придружба на заменик-шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн, директорот на Канцеларијата на претставничката на ОБСЕ за слобода на медиумите Јирген Хајсел и помошник-офицерката за истражувања Шејла Јусуфовиќ, вчера оствари работна средба со претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Во текот на срдечниот разговор, г-а Рибеиро се интересираше за предизвиците со кои се соочува Агенцијата во нејзиното работење од аспект на финансирањето и доцнењето на изборот на новите членови на Советот, идните активности за хармонизација на медиумската регулатива со Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги и инволвираноста на регулаторното тело во овој процес.

На средбата, меѓу другото, се разговараше и за состојбата во медиумската сфера.



Accessibility

Accessibility