Промовиран проектот „ЕУ за слобода на изразување: Усогласување на националното законодавство за медиуми со законодавството на ЕУ и стандардите за медиуми“

Скопје, 25 јануари 2023 – Во организација на Делегацијата на Европската Унија и Министерството за информатичко општество и aдминистрација денес се одржа промоција на проектот „ЕУ за слободата на изразување: Усогласување на националното медиумско законодавство со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, чија цел е усогласување на националната медиумска легислатива со ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги и европските медиумски стандарди.[…]

Премиерот да се воздржи од искажување лични ставови за медиумите

Скопје, 17 јануари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги остро реагира на етикетирањето на уредувачката политика на одредени медиуми од страна на премиерот Димитар Ковачевски и потенцира дека носителите на јавни функции треба да се воздржат од искажување лични, субјективни ставови со кои се поткопува слободата на медиумите.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 16 јануари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ја осудува вчерашната изјава на претседателот на ДУИ Али Ахмети со која телевизиите Телма и Алфа ги етикетираше како непријатели на Албанците.[…]

Осуда за заканите упатени кон ТВ Канал 5

Скопје, 16 јануари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува заканите упатени кон вработените во телевизија Канал 5 од страна на физичко лице на социјалната мрежа „Фејсбук“.[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 11 јануари 2023 година – Во врска со спречувањето на новинарските екипи на „Радио Лидер“ и на „Курир“ да ја проследат посетата на владини претставници на фабриката „Пекабеско”, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потсетува дека попречувањето на работата на новинарите претставува загрозување на слободата и правото на информирање[…]



Accessibility

Accessibility