Промовиран проектот „ЕУ за слобода на изразување: Усогласување на националното законодавство за медиуми со законодавството на ЕУ и стандардите за медиуми“

Скопје, 25 јануари 2023 – Во организација на Делегацијата на Европската Унија и Министерството за информатичко општество и aдминистрација денес се одржа промоција на проектот „ЕУ за слободата на изразување: Усогласување на националното медиумско законодавство со правото на ЕУ и европските медиумски стандарди“, чија цел е усогласување на националната медиумска легислатива со ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги и европските медиумски стандарди.

Воведни обраќања на настанот имаа евроамбасадорот Дејвид Гир, министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити, министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми д-р Зоран Трајчевски.

Како што истакна директорот Трајчевски, брзиот развој на технологијата и појавата на новите медиуми драстично го смениja начинот на кој се примаат информациите и останатите содржини, а разликите меѓу традиционалните и новите медиуми се бројни и за нив не може да се применува иста регулаторна рамка. Оттаму, согласно новата европска регулатива која ги третира овие прашања неопходно е да се направат измени и на македонските закони од областа на медиумите. По донесување на усогласените закони, АВМУ согласно потребите ќе ги измени постоечките и ќе донесе нови подзаконски акти.

Во дебатата посветена на актуелниот медиумски пејсаж во земјава и барањата кои ги наметнува европската регулатива, говореше м-р Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи. Таа ги посочи предизвиците коишто и претстојат на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по усогласување на домашните закони за медиуми со ревидираната Директивата за аудиовизуелни медиумски услуги, Актот за дигитални услуги и Актот за дигитални пазари.

На настанот беа презентирани и првите наоди од проектот во однос на усогласувањето на медиумската легислатива со Директивата и беше претставен патоказот на Министерството за информатичко општество и aдминистрација за процесот на консултации и спроведување на потребните реформи.



Accessibility

Accessibility