СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 14 февруари 2023 – Во врска со недоличните зборови на пратеникот Димитар Апасиев упатени кон новинарот Љупчо Златев на социјалната мрежа „Фејсбук“, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека носителите на јавни функции треба да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија и на достоинството на медиумските работници.

Сите, а особено политичарите и носителите на јавни функции треба да се воздржат од омаловажување, навредување и непримерна комуникација и јавните дебати треба да ги водат со аргументи, меѓусебно почитување и на јазик којшто ги промовира демократските вредности.



Accessibility

Accessibility