Поддршка на Протестниот марш за одбрана на новинарското достоинство

Скопје,  17 февруари 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го поддржа и се приклучи кон протестниот марш на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Здружението на новинари, кој е израз на незадоволство на новинарите од нападите врз нив и општествените и социо-економските услови во кои тие работат.

Нападите, етикетирањата и омаловажувањето на медиумските работници, кои зачестија  изминатиот период, се апсолутно неприфатливи, особено кога доаѓаат од носители на јавни функции. На овој начин се загрозува  професионалното работење и безбедноста на новинарите и се поттикнува омраза и насилство поради  што ваквото однесување во ниту случај не смее да стане пракса.

Само медиумските професионалци кои се ослободени од било каков притисок и на кои не им се загрозени работничките и човековите права, можат да придонесат за развојот на демократијата и за зачувување и промовирање на слободата на изразување и слободата на информирање.



Accessibility

Accessibility