Соопштение за јавност

Скопје,  17 февруари 2023 – Делегација од Комитетот за политички систем, правосудство и управа на Црна Гора денеска беше во работна посета на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Целта на посетата беше споделување искуства и размислувања во повеќе сегменти од медиумската сфера, меѓу кои усогласувањето со ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, мерките за времено ограничување на пренос и прием на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од други држави, правилата кои се однесуваат на сопственичката структура на медиумите, мониторингот на медиумски содржини за време на изборни процеси и финансирањето на платеното политичко рекламирање.

На средбата се дискутираше и за евентуалната регулација на онлајн медиумите, саморегулацијата и соработката со граѓанскиот сектор.

На крајот на средбата беше констатирано дека негувањето и постојаното унапредување на билатералните односи меѓу двете држави е од особено значење имајќи предвид дека се соочуваме со исти предизвици.



Accessibility

Accessibility