Отворена јавна расправа за Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување

Скопје, 12 јули 2023 – Советот на Агенцијата на вчерашната 22 седница за 2023 година, го донесе Нацрт-правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

 Јавната расправа ќе трае 45 дена, заклучно со 28 август 2023 година.



Accessibility

Accessibility