Објавена публикацијата „Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија“

Скопје 29 август 2023 – Во рамки на заедничкиот проект на Европската Унија и Советот на Европа „Заштита на слободата на изразување и на слободата на медиумите во Северна Македонија“ (ПРО-ФРЕКС), изработена е публикацијата „Проценка: Економска виталност и одржливост на аудиовизуелната медиумска индустрија во дигиталното опкружување – Северна Македонија“.[…]

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ АВМУ И КСЗД

Скопје, 24 август 2023 – Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги д-р Зоран Трајчевски и претседателот на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Исмаил Камбери, денеска потпишаа Меморандум чија цел е продлабочување на соработката особено во спречувањето дискриминација во програмите на давателите на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на платформите за споделување видеа[…]

Осуда за попречувањето на работата на новинари и сниматели во Брвеница

Скопје, 24 август 2023 – Во врска со навредите и заканите упатени кон новинарската екипа на ТВ Коха, како и спречувањето на телевизиски екипи од повеќе медиуми и дописници од полошкиот регион да снимат инсерти во врска со пожарот во општина Брвеница, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги потенцира дека е апсолутно неприфатливо попречувањето на медиумските работници во вршењето на нивната работа[…]

Осуда за нападот на новинарската екипа на ТВ Алсат-М

Скопје, 22 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот вербален и физички напад врз снимателот и новинарките на ТВ Алсат-М, како и упатените закани кон нив за време на снимањето инсерти во Скопската чаршија[…]

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Скопје, 20 август 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро ги осудува изнесените навреди и дисквалификации од страна на компанијата ,„Брако”, упатени кон новинарите на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) во врска со  документарниот филм „Убиство во Тетово“.[…]



Accessibility

Accessibility