Отворена јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата и Нацрт-годишните планови за вршење административен надзор и програмски надзор за 2024 година

Скопје, 10 ноември 2023 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги отвора јавна расправа за текстовите на Нацрт-програмата за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за 2024 годинa (со Нацрт-програма на планирани активности и Нацрт-финансиски план на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги), Нацрт-годишниот план за вршење административен надзор во 2024 годинa, и Нацрт-годишниот план за вршење програмски надзор во 2024 година. 

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани страни со свои мислења и предлози во писмена форма, да учествуваат во јавната расправа и истите да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk или по пошта на ул. „Македонија“ бр.38, 1000 Скопје.

Јавната расправа ќе трае до 9 декември 2023 година. 



Accessibility

Accessibility