Отворена јавна расправа за Нацрт-Правилникот за пристапност до медиумските услуги

Скопје, 12 март 2024 – Советот на Агенцијата на денешната 9-та седница, усвои Нацрт-Правилник за пристапност до медиумските услуги (линкот е во пристапен формат). Потребата за овој акт произлегува од измените и дополнувањата на ЗААВМУ од јули 2023 година, со кои обезбедувањето програми пристапни до лицата со попреченост стана обврска за радијата, телевизиите и медиумските услуги видео по барање, кои се должни да ја спроведуваат континуирано и прогресивно.

Нацрт-документот меѓу другото пропишува какви се обврските за давателите на аудиовизуелни медиумски услуги во зависност од нивните ресурси и досег на публиката, на кој начин можат да ги направат пристапни програмите, каталозите по барање односно понудата со одложено гледање, како и електронскиот програмски водич и др.

Агенцијата ги повикува сите радиодифузери, даватели на АВМУ по барање и заинтересирани страни, со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на е-адресата contact@avmu.mk.

Јавната расправа трае 90 дена, заклучно со 10 јуни 2024 година.



Accessibility

Accessibility